Швеѓанец осуден на седум години затвор поради закани кон пратеници и испраќање на писма-бомби

Шведскиот суд го осуди Мајкл Салонен на седум години затвор за обид за убиство.

Имено, Салонен испратил писмо-бомба до фирма во Лондон и преку писма им се заканувал и на пратениците во шведскиот парламент.

Во август 2017 година Салонен испратил писмо и до компанијата „Криклопеј“, со седиште во Лондон, но, за среќа, не дошло до експлозија, објави АП.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари