logo
logo
logo

Шведски здравствени работници добиле смртни закани поради пристапот кон пандемијата

Vecer | 18.02.2021

Шведски здравствени работници добиле смртни закани поради пристапот кон пандемијата


Некои вработени во шведската Aгенција за јавно здравје, која одлучи за контроверзниот шведски модел за борба против Ковид-19, добиле закани.

Тие веднаш добиле полициска заштита, објави денеска шефот на агенцијата, а пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Шведскиот одговор на пандемијата беше различен од пристапот на повеќето земји во светот, бидејќи држењето растојание и маските не беа задолжителни, туку сè беше препуштено на доброволна основа.

Во таа земја досега починаа повеќе од 12.500 луѓе, а бројот на смртни случаи по жител е поголем отколку во соседните нордиски земји, но сепак помал отколку во западноевропските земји, кои имаа строги ограничувачки мерки.

Големата смртност предизвика жестока дебата околу тоа дали властите требало да воведат поостри мерки, а во центарот на вниманието беше водечкиот епидемиолог Андерс Тегнел.

„Ова отиде предалеку, да имаме и смртни закани, кои сега ги испитува полицијата“, изјавил шефот на Агенцијата за јавно здравје, Јохан Карлсон, за агенцијата ТТ.

Карлсон истакнал дека заканите започнале напролет.

„Заканите се насочени кон истакнати луѓе, а и во меѓувреме се зголеми бројот на заканувачки пораки. Ние ги примаме секој ден. Имаме луѓе што ги чува полицијата“, додал тој.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk