logo
logo
logo

Шведска утре ја објавува одлуката за членство во НАТО, Ердоган се противи

Vecer | 14.05.2022

Шведска утре ја објавува одлуката за членство во НАТО, Ердоган се противи

Геополитичкото влијание на НАТО нагло се зголеми по руската инвазија на Украина и наскоро би можеле да добијат нови членки.

Владејачката Финска Социјалдемократска партија денеска го соопштува својот став за можното приклучување во НАТО. Финскиот државен врв објави во четвртокот дека Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одлагање“, што е голем пресврт во политиката поттикната од руската инвазија на Украина.

Поддршката на социјалдемократите би значела дека мнозинството од финскиот парламент е за влез во НАТО, што би го отворило патот за кандидатура во наредните денови.

Шведските владејачки социјалдемократи утре треба да одлучат дали ќе се откажат од децениското противење на членството во НАТО, што речиси сигурно ќе доведе до тоа Шведска да побара членство во Алијансата. Шефовите на шведската и финската дипломатија Ана Лиде и Пека Хаависто треба да присуствуваат на состанокот на НАТО. Данска, Норвешка и Исланд се членки на НАТО од неговото основање.

Москва вели дека проширувањето на НАТО со Финска и Шведска ќе биде непријателски гест и ќе претставува дополнителна закана за нејзината безбедност, и вети дека ќе одговори на потегот.

Кандидатурата на Финска и Шведска треба да биде одобрена од сите 30 земји.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера рече дека членството на Финска и Шведска во НАТО ќе биде „грешка“, како што беше и пристапувањето на Грција во Северноатлантската алијанса.

Нејасно е дали ова е само привремено противење на Турција, која е членка на НАТО, или потенцијално голема пречка за проширување на Алијансата во две земји, наведува Би-Би-Си.

Дводневниот состанок, чиј домаќин е германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, а на кој присуствува и американскиот државен секретар Антони Блинкен, ќе го означи почетокот на последната фаза од преговорите за Стратешкиот концепт на НАТО, кој е водич за иднината.

Концептот треба да обезбеди долгорочен одговор на растечките тензии со Русија, вклучително и појаснување за тоа како да се врати влијанието на НАТО во Источна Европа во иднина и, за прв пат, насоки за Кина.

Конечната верзија на документот треба да биде усвоена од лидерите на НАТО на самитот во Мадрид во јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk