logo
logo
logo

Шведска не планира да влезе во НАТО

Vecer | 01.12.2021

Шведска не планира да влезе во НАТО

Шведска не планира да влезе во НАТО, изјави денеска премиерката на таа земја, Магдалена Андерсон презентирајќи ја политиката на новата влада.

- Нашето неучество во воени сојузи добро и служи на нашата земја и придонесува за стабилноста и безбедноста во северна Европа. Шведска нема да аплицира за членство во НАТО – посочи таа.

Таа вели дека Шведска нема да заземе пасивен став доколку некоја друга нордиска земја или земја членка на ЕУ претрпи катастрофа или напад.

„Очекуваме овие земји да го сторат истото доколку Шведска биде погодена“, вели Андерсон во соопштението објавено на веб-страницата на шведската влада.

Андерсон, исто така, вели дека Шведска ќе ја зајакне својата одбранбена соработка со Финска и другите нордиски соседи во рамките на ЕУ, истовремено продлабочувајќи го своето партнерство со НАТО и САД.

 Шведскиот парламент ја изгласа лидерката на Социјалдемократската партија Магдалена Андерсон, со што таа стана првата жена премиер во земјата, откако првото гласање заврши неуспешно за нацрт-буџетот предложен од претходната шведска влада.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk