logo
logo
logo

Швајцарците на рефeрендум го поддржаа законот за воведување ковид-пропусници

Vecer | 28.11.2021

Швајцарците на рефeрендум го поддржаа законот за воведување ковид-пропусници

Среде петтиот бран на коронавирусот големо мнозинство Швајцарци во неделата на референдум, кој го одбележа доста голем одѕив на гласачите, го поддржаа законот кој овозможува воведувањето на ковид-пропусниците.

Иако швајцарската полиција стравуваше од протести, пред седиштата на владата и парламентот во Берн се собрале само неколку десетици противници на споменатиот предлог-закон. Зградата беше под високи мерки на безбедност, се додава во полициското соопштение.

Според конечните резултати 62 отсто од гласачите кои излегле на референдумот го поддржале воведувањето на ковид-пропусниците.

Ковид-сертификатот е наменет за вакцинираните лица, за оние коишто прележале Covid-19 или имаат негативен тест на коронавирусот. Потврдата ќе биде поребна за посети на кафулиња или ресторани, на изложби во кино и театар или на спортски настани организирани во сали.

На референдумот излегле 65 отсто од гласачите, што е четвртиот највисок одѕив по референдумот за воведување на правото на глас за жените во 1971 година. Во Швајцарија, којашто го применува принципот на ткн директна демократија и изјаснување за важни закони на плебисцит, на таквите референдуми просечната излезност изнесува 46 отсто.

Денешниот референдум го иницираа противниците на издавањето на ковид-пропусниците, а се совпадна со моментот кога низ светот се шири новата варијанта на коронавирусот наречена омикрон, која Светската здравствена организација ја вброи во категоријата „загрижувачки“ и која целиот свет го врати во состојба на висока готовнсот.

Иницијаторите на денешниот референдум сметаат дека издавањето на ковид-пропусниците претставува непотребно ограничување на граѓанските слободи.

Со малку помалку од две третини целосно вакцинирано население, Швајцарија ја има една една од најниските стапки на вакцинираност против коронавирусот во западна Европа. Во моментов, според тамошните здравствени власти, заразата со коронавирусот бележи експоненцијален раст, а бројот на новозаразените секоја седмица е поголеме за 40 до 50 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk