logo
logo
logo

Швајцарските леденици незапирливо се топат- најдени се тела, изчезнат авион...

Vecer | 27.09.2022

Швајцарските леденици незапирливо се топат- најдени се тела, изчезнат авион...

Тоа е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд во 2003 година, објави надзорниот орган ГЛАМОС.

Топењето било толку екстремно годинава што на едно место повторно се појавила карпа закопана илјада години, а биле пронајдени тела, па дури и остатоци од авион кој исчезнал во дел од Алпите пред неколку децении. Другите мали глечери речиси исчезнале.

„Знаевме дека оваа ситуација ќе се случи со климатски сценарија, барем некогаш во иднина“, изјавил Матијас Хус, шеф на швајцарската мрежа за следење на глечерите (ГЛАМОС). „И сфаќајќи дека иднината е веќе тука, токму сега, ова можеби беше најизненадувачкото или најшокантното искуство ова лето“, нагласил тој.

Повеќе од половина од глечерите на Алпите се во Швајцарија, каде температурите се зголемуваат за околу двапати од светскиот просек.

Научниците во областа, вклучувајќи го и Хус, биле принудени да направат итна поправка на десетици локации на Алпите бидејќи топењето на мразот може да ги отфрли нивните мерни столбови и да ги загрози нивните податоци. Големите загуби годинава, кои изнесуваа околу 3 кубни километри мраз, се резултат на екстремно ниското количество зимски снег во комбинација со топлотните бранови.

Снежните врнежи го надополнуваат мразот што се топи секое лето и помагаат да се заштитат глечерите од понатамошно топење со рефлексија на сончевата светлина назад во атмосферата.

Доколку емисиите на стакленички гасови продолжат да растат, се очекува алпските глечери да изгубат повеќе од 80 отсто од нивната сегашна маса до 2100 година. Многу од нив ќе исчезнат без оглед на мерките преземени сега за намалување на емисиите, благодарение на глобалното затоплување предизвикано од минатите емисии, се вели во извештајот од 2019 година на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk