Швајцарија, која традиционално е воено неутрална со добро подготвена армија, не е членка ниту на Европската унија, ниту на НАТО, но сега се обидува да се заштити од дронови што е можно побрзо, пренесе БТА.
- Потребно е да се преземат ефикасни мерки против минидроновите на противникот, истакна денеска швајцарската армија и додаде дека се надева оти системот за заштита ќе биде воведен „во блиска иднина“.
Земјите од ЕУ сомневаат дека Русија стои зад случаите на прелетување на дронови над чувствителни објекти, кои се зголемиле во последните денови. Швајцарија исто така не е исклучок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата