Што стои во декларацијата која ја потпишаа Трамп и Ким?

По историскaта средба во Сингапур, американскиот претседател и севернокорејскиот лидер потпишаа декларација. Иако Трамп и Ким веднаш не ја објавија содржината на потпишаната декларација, таа подоцна била споделена со присутните новинари.

Како што пренесуваат светските медиуми, во декларацијата се наведуваат черири клучни точки.

1. САД и Северна Кореја се посветени на воспоставување на нови односи меѓу двете земји во согласност со желбите на народите на двете држави за мир и просперитет.

2. САД и Северна Кореја ќе работат заедно за да изградат траен и стабилен мир на Корејскиот полуостров.

3. Во согласност со декларацијата од Панмунџом, потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува да работи за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

4. Соединетите Држави и Северна Кореја се обврзуваат на враќање на воените затвореници и оние кои исчезнале во борби, што вклучува и враќање на оние кои веќе се идентификувани во своите земји.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари