logo
logo
logo

Што НАВИСТИНА САКА ПУТИН и кои се следните чекори?

Vecer | 28.01.2022

Што НАВИСТИНА САКА ПУТИН и кои се следните чекори?

Би-Би-Си објави интересна анализа за можните потези на рускиот претседател Владимир Путин во екот на тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Аналитичарот на БиБиСи, Стив Розенберг, ја опишува ситуацијата со политиката на Кремљ како загатка која недостасуваат половина од парчињата.

„Тоа е фрустрирачко. Збунувачки е. Никогаш не ја гледате целата слика. Добредојдовте во светот на политиката во Кремљ“, пишува Розенберг.

Дешифрирањето што мисли и планира Путин е, благо кажано, предизвик.

И токму тоа го сака Кремљ - да држи сè околу него во неизвесност. Кои се точно плановите на Путин? Дали Москва подготвува голема инвазија на Украина или ограничена операција? Дали штракањето со оружје е само некаков вид заплашување или дипломатија што ја тера другата страна да се движи?

Геополитичката загатка е многу сложена. Парчињата од сложувалката што ги гледаме предизвикуваат голема загриженост на Запад.

Околу 100.000 руски војници се собраа на границата со Украина. Москва спроведува големи воени вежби на копно и на море. Воени вежби најави и Белорусија, земја под силно влијание на Кремљ. Официјална Москва поставува барања до Западот што знае дека Америка ќе ги отфрли, како што е забраната на Украина да се приклучи на НАТО и прекинување на активностите на НАТО во Источна Европа.

Во исто време, Владимир Путин и порачува на јавноста дека „Украинците и Русите се еден народ, една целина“.

Тешки зборови и закани

Вашингтон неодамна писмено одговори на барањата на Москва, а Кремљ вели дека детално ќе го анализира американскиот одговор.

Во меѓувреме од сите страни пристигнуваат остри зборови.

„Не поставувајте инфраструктура на НАТО на територијата на Украина. Бараме од нашите „партнери“ во земјите на НАТО да се оддалечат. Оддалечете се од нашите граници. Оставете ги постсоветските земји бидејќи го загрозувате рускиот народ“, рече Евгениј Попов пратеник на владејачката партија Единствена Русија и водител на емисијата на руската државна телевизија.

„Вашето време истекува. Мора да донесете одлука и тоа брзо“, додаде тој.

„Што ќе се случи инаку? праша новинарот на Би-Би-Си.

„Во спротивно, ќе има реакција која ќе биде неверојатно опасна за целиот свет. Некои западни претставници тврдат дека Русија нема „јамка“. Дали навистина сакате да го проверите? беше одговорот на Попов.

Русија тврди дека НАТО е закана за неа

Руските власти во јавноста инсистираат дека НАТО претставува закана за руската безбедност. Но, јас сум скептичен“, пишува аналитичарот на Би-Би-Си.

Тешко е да се поверува дека Москва навистина го смета НАТО за закана. Само 6% од границите на Русија се со земјите членки на НАТО.

Кремљ има добри односи со некои членки на НАТО, како што се Италија и Унгарија. Москва дури и продаде оружје на Турција, која исто така е членка на НАТО.

Исто така, треба да се има предвид дека НАТО (или Норвешка) се граничи со Русија повеќе од 70 години.

Покрај тоа, нема индикации дека Украина, Грузија или која било друга поранешна советска република би можеле да бидат примени во НАТО во блиска иднина.

Што навистина сака Путин?

Значи, од каде доаѓа фиксацијата на Кремљ за НАТО?

Дел од причината е внатрешна - рускиот народ да се обедини против наводниот надворешен непријател.

Но, дел од причината би можело да биде искористување на моментот за преобликување на европскиот безбедносен поредок на начин што ќе биде од корист за Москва, односно да се прошири руската сфера на влијание, односно да се доведе во прашање исходот од Студената војна.

„Путин верува дека Западот ја искористи слабоста на Русија во 1990-тите, дека Русија не доби фер третман и не го доби заслуженото. Тој сака да го промени тоа“, рече Андреј Кортунов, директор на Советот за надворешни работи на Русија.

„Неговиот аргумент е едноставен. Сега, кога рамнотежата на силите се смени, ние повеќе не живееме во униполарен свет ориентиран кон запад. Треба да не слушате и сериозно да го сфатите она што не загрижува“, додаде тој.

Кој е следниот чекор на Москва?

Без сите делови од сложувалката можеме само да погодуваме.

Тоа може да зависи од тоа дали американската понуда за преговори со Русија за некои аспекти на безбедноста во Европа ќе биде доволна за да го задоволи Владимир Путин.

Ако не, односно, ако Путин е решен да ја разбие европската безбедносна архитектура, можни се воен конфликт и долгорочни тензии меѓу Истокот и Западот.

„Се надевам дека Путин ќе биде задоволен од она што го доби досега. Мислам дека донекаде успеа Западот да ги разгледа руските предлози“, рече Кортунов.

„Но, тој може да понуди поинаква интерпретација на настаните. Тој може да каже дека Западот се обидува да ја вовлече Русија во бескрајни, бесмислени преговори и да тврди дека влијанието на Западот врз Украина ќе продолжи.

Што се однесува до домашната сцена, руското општество не е многу ентузијастичко за можноста за војна на границата.

„Русите не се особено желни да учествуваат во голема воена операција во Украина“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk