logo
logo
logo

Што имаат заедничко Џастин Бибер и Макрон, ЗА ШТО РАЗГОВАРАЛЕ?

Vecer | 22.06.2021

Што имаат заедничко Џастин Бибер и Макрон, ЗА ШТО РАЗГОВАРАЛЕ?

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон беа домаќини на пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хајли Бибер во понеделникот во Париз.

Според француските медиуми, канадскиот  пејач побарал лично да се состане со францускиот претседател, со цел да разговара за „прашања поврзани со младите“.

Бибер објави заедничка фотографија на Инстаграм со францускиот претседател, а француските медиуми беа заинтригирани од стајлингот на пејачот при средбата со Макрон.

Џастин и Хејли беа видени како влегуваат во Елисејската палата носејќи маски, а пејачот по разговорот со тупаница низ прозорецот на претседателската канцеларија ги поздрави своите обожаватели.

Инаку, парот беше во Париз претходните денови, и иако медиумите не дознаа детали за разговорот меѓу поп-ѕвездата и францускиот претседател, состанокот се одржа на денот на годишната музичка прослава во Франција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk