logo
logo
logo

Што им кажал принцот Хари на татко му и брат му ПОСЛЕ ИНТЕРВЈУТО?

Vecer | 18.03.2021

Што им кажал принцот Хари на татко му и брат му ПОСЛЕ ИНТЕРВЈУТО?

Принцот Хари, изминатиов викенд прв пат разговарал со неговиот татко принцот Чарлс и неговиот брат Вилијам откако минатата недела беше емитувано интервјуто кое тој и неговата сопруга Меган Маркл  го дадоа за Опра.

- Па, јас всушност им се јавив за да видам како се чувствуваат, и вистина е, Хари разговарал со неговиот брат и татко. Ми рекоа дека разговорите не биле продуктивни, но тие се задоволни што барем почнале да зборуваат, открила Гејл Кинг (66), водителка на CBS News и пријателка на Меган Маркл.

Но Кинг, која е исто така многу добра пријателка и на Опра Винфри, истакна кралското семејство сака да интервенира кај новинарите да престанат со нефер, неточни, особено за расизмот, кој беше потенциран во интервјуто.

- Мислам дека тие сè уште се вознемирени што палатата постојано зборува дека сакаат да го решат проблемот приватно. Никој од кралското семејство не разговарал Меган сепак, И мислам дека ги фрустрираат вакви расни коментари за кои велат дека се неточни, рече Кинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk