logo
logo
logo

Шпанија со план за вакцинација на учениците пред почетокот на учебната година

Vecer | 04.06.2021

Шпанија со план за вакцинација на учениците пред почетокот на учебната година

Шпанската влада денес објави дека сака да ги вакцинира учениците на возраст од 12 до 17 години против ковид-19 пред почетокот на учебната година во септември.

„Сакаме да ѝ предложиме на Комисијата за јавно здравје, која ги потврдува здравствените одлуки, да започнеме вакцинирање на адолесценти на возраст од 12 до 17 години пред почетокот на учебната година, околу две недели порано“, рече министерката за здравство Каролина Даријас на шпанската државна телевизија.

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на „Pfizer/BioNTech“ за деца на возраст од 12 до 15 години на крајот на мај, со што стана првата одобрена вакцина за адолесценти во 27-те земји-членки на Европската унија.

Меѓу другите поголеми земји на ЕУ, Франција во средата објави дека младите на возраст меѓу 12 и 18 години можат да се вакцинираат од 15 јуни, Италија во четвртокот отпочна вакцинација за сите старосни групи од 12 години, додека Германија објави дека на 7 јуни има намера да иницираат вакцинација за лица над 12 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk