logo
logo
logo

Шпанија сака да воведе боледување за менструални болки

Vecer | 13.05.2022

Шпанија сака да воведе боледување за менструални болки

Мерката може да се најде во нацрт-законот за абортус кој треба да го зајакне правото на абортус и репродуктивните права, а треба да биде усвоен од Советот на министри во вторник.

„Ќе го признаеме во законоправото на жените кои имаат болни периоди на специјално отсуство кое ќе биде финансирано од државата уште од првиот ден“, објави на Твитер министерката за еднаквост Ирене Монтеро, една од членките на радикалната левичарска партика Подемос, парнер на Социјалистичката партија во владата на Педро Санчез.

Но, сè уште не е познато дали разговорите во владата навистина им овозможиле на Подемос и министрите од Социјалистите од економски ресор да се договорат за точниот ефект на предлогот.

Шпанските медиуми, кои имаа пристап до привремената верзија на нацрт-законот подготвен од Министерството за еднаквост, пишуваат дека жените ќе добиваат три дена боледување месечно, со можност за продолжување за уште два дена во случај на многу тешки симптоми, за што ќе биде потребна потврда од доктор.

„Важно е да се разјасни што е болна менструација: не зборуваме за благи непријатности, туку за тешки симптоми како што се дијареа, акутни главоболки и треска“, изјави на почетокот на април државната секретарка за еднаквост Ангела Родригез, исто така од Подемос, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk