logo
logo
logo

Шпанија очекува рекордни штети во земјоделството

Vecer | 29.11.2022

Шпанија очекува рекордни штети во земјоделството

Во периодот од јануари до октомври, штетата изнесува 684 милиони евра, изјави портпаролката на шпанската влада Изабел Родригез.

Имајќи ги предвид катастрофите како што се поплавите предизвикани од обилните врнежи на брегот на Медитеранот во последните недели, конечниот износ на штетите во 2022 година најверојатно ќе ја надмине минатогодишната сума од над 720 милиони евра, додаде Родригез. Пролетта овошните насади беа опустошени од доцниот мраз, а летово родот беше оштетен од сушата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk