Шпанија e главен влез за мигрантите од Медитеранот

Шпанија ја замени Италија како држава која е главен влез за мигрантите кои преку Средоземното море доаѓаат во Европската унија, објавија Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Европската гранична и крајбрежна стража „Фронтекс“.

ИОМ известува дека повеќе од 18 000 мигранти пристигнале на брегот на Шпанија од почетокот на годинава до средината на јули, 16 000 влегле во Италија, а околу 14 000 во Грција.

Бројот на мигранти кои пристигнале во Шпанија речиси е тројно зголемен во споредба со истиот период минатата година. Во Италија оваа бројка е за 80 проценти помала, додека во Грција бројот на мигранти се зголемил за 50 отсто.

ИОМ тврди дека пристигнувањата на мигрантите особено се зголемиле во текот на изминатиот месец и половина, при што просечно по околу 220 луѓе пристигнувале на брегот на Шпанија. Во првите пет месеци од 2018, оваа бројка изнесувала околу 50 влегувања дневно.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари