logo
logo
logo

Шолц: Ќе разговарам со Путин

Vecer | 29.01.2023

Шолц: Ќе разговарам со Путин

Германија, која најмногу од западните земи се противеше на снабдување на Украина со модерни борбени тенкови за да помогне во борбата против руската инвазија, минатата недела рече дека ќе испрати 14 од своите тенкови Леопард 2 во Киев и ќе им дозволи на сојузничките европски земји да ги испорачуваат Леопардите.

Таа објава, по која САД им ветија на Киев тенкови М1 Абрамс, го разбесни Кремљ. „Засега нема закажани разговори (со Шолц). Путин беше и останува отворен за контакти“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе РИА Новости.

Во интервју за берлинскиот дневен весник Тагесшпигел, објавено во недела, Шолц рече: „И јас повторно ќе разговарам со Путин - затоа што е неопходно да се разговара“.

„Одговорност на Путин е да ги повлече војниците од Украина за да стави крај на оваа ужасна, бесмислена војна која веќе чини стотици илјади животи“, додаде германскиот канцелар. Портпаролите на Шолц, кој е на турнеја во Јужна Америка, не биле достапни за коментар.

Путин и Шолц последен пат разговарале телефонски на почетокот на декември. Рускиот лидер тогаш изјави дека германскиот и западниот однос кон Украина е „деструктивен“ и го повика Берлин да го преиспита својот пристап.

Германија е вториот најголем донатор на воена опрема за Украина по САД, според Институтот за светска економија во Кил, пред другите европски сили како Франција и Британија.

Киев вели дека мировните преговори се можни само доколку Русија престане да напаѓа и ги повлече сите свои сили од украинската почва, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk