logo
logo
logo

Шолц: Русија има ЕДЕН ИЗЛЕЗ ОД ОВАА СИТУАЦИЈА

Vecer | 17.05.2022

Шолц: Русија има ЕДЕН ИЗЛЕЗ ОД ОВАА СИТУАЦИЈА

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја отфрли можноста Русија да постигне мир со Украина со легализирање на освоените територии во таа земја.

– Јасно е дека Русија има само еден излез од оваа ситуација, а тоа е договорот со Украина – изјави Шолц за РТЛ.

А договорот, како што појасни, не е можен со „диктиран мир“, при што на Украина однапред е напишано дека треба да се откаже од својата територија, пишува „Билд“.

Шолц додаде дека нема да се повтори случајот со Крим, каде војната заврши во смисла дека немаше пукотници, туку е повлечена новата граница и каде само чекаат се да се врати во нормала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk