logo
logo
logo

Шокантни тврдење: Што и било забрането на Меган Маркл по венчавката со Хари?

Vecer | 08.03.2021

Шокантни тврдење: Што и било забрането на Меган Маркл по венчавката со Хари?

Меган Маркл синоќа изнесе многу шокантни тврдења за нејзиниот живот во британското кралско семејство во интервјуто со Опра Винфри.

Поранешната војвотка од Сасекс изјави дека имала самоубиствени мисли за време на нејзината прва бременост затоа што била изолирана и осамена.

Маркл вели дека ѝ била одземена слободата.

„Откако станав дел од кралското семејство, веќе не ги видов мојот пасош, клучевите, возачката дозвола“, истакна Меган.

„Не можев да одам на ручек со пријателите, да се дружам и да живеам нормален живот. Бев насекаде и никаде“, тврди таа, чие ментално здравје, како што вели, било сериозно загрозено.

Меган во својата исповед пред светската јавност сподели дека кога била бремена со Арчи дознала дека детето нема да добие титулата принц или принцеза. Во палатата се дискутирало дури и за бојата на кожата што ќе ја има нејзиното бебе уште пред да се роди.

Маркл и Хари велат дека се разочарани што кралското семејство прекинало да ги финансира и веќе немаат осигурување откако ги напуштиле своите кралски должности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk