logo
logo
logo

Шок пред изборите во САД: Екс републиканскиот гувернер, Арнолд Шварценегер ја поддржа Харис

Vecer | 30.10.2024

Шок пред изборите во САД: Екс републиканскиот гувернер, Арнолд Шварценегер ја поддржа Харис

Во објава на социјалните мрежи, Шварценегер рече дека не сака да дава поддршка, дека мрази политика и не им верува на политичарите.

Тој напиша дека во последно време не ги сака ниту Републиканската ниту Демократската партија и дека сака да се исклучи, но не може.

„Бидејќи непризнавањето на резултатите од изборите е неамериканско“, напиша Шварценегер, мислејќи на одбивањето на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да ги признае изборите во 2020 година што ги загуби.

„За некој како мене, кој разговара со луѓе ширум светот и се уште знае дека Америка е светол град на ридот, да се нарече Америка канта за ѓубре за светот е толку непатриотско, што ме прави бесен. И јас секогаш ќе бидам Американец пред да бидам републиканец. Затоа оваа недела гласам за Камала Харис и Тим Валц“, напиша Шварценегер.

Шварценегер минатата година рече дека не е возбуден поради реваншот меѓу Трамп и претседателот Џо Бајден, сугерирајќи дека нов кандидат би бил идеален.

„Отворен сум за некое ново место и некоја нова идеја“, рече Шварценегер во септември 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk