Шојгу: НАТО со вмешување во Украина ризикува непредвидливо ниво на ескалација

Руската државна новинска агенција ТАСС објави дека Шојгу, за време на конференциски повик, ги обвинил САД и нивните сојузници дека се обидуваат да го продолжат конфликтот што е можно повеќе.
Тој изјави дека тоа го прават со снабдување на Киев со „тешко офанзивно оружје“.
„Таквите потези всушност ги вклучуваат земјите на НАТО во конфликтот и на крајот може да доведат до непредвидлива ескалација“, рече Шојгу.
Рускиот министер за одбрана додаде и дека руските сили постигнале напредок во битката за контрола над источниот украински град Бахмут. „Офанзивата напредува успешно“, изјавил Шојгу.