Се огласија следните

Шкотски националисти: Шпанија да го почитува гласањето на Каталонија

Шкотската национална партија денеска ја повика шпанската Влада да го почитува гласањето на големото мнозинство Каталонци за независност на регионот

Шкотската национална партија денеска ја повика шпанската Влада да го почитува гласањето на големото мнозинство Каталонци за независност на регионот.

Членовите на шкотската партија ова го порачаа во резолуцијата објавена на годишната конференција на партијата, која тие едногласно ја усвоија.

Во резолуцијата на партијата, каталонскиот референдум, кој Мадрид го забрани, а кој се одржа на 1 октомври, е наречен „израз на демократската волја на народот на Каталонија".

Инаку, шкотските националисти изразија солидарност со Каталонците во серија демонстрации, а премиерката Никола Старџен, го поддржа правото на владата на Каталонија да одржи гласање за отцепување.

Пратеникот од каталонската Кандидатура за национално единство, Бенет Салељас денеска изјави дека оваа исклучително левичарска сепаратистичка партија утре, на закажаната седница на парламентот на Каталонија, нема да се согласи со било која друга опција освен прогласување независност.

- Сосема ми е јасно дека оние кои јас ги претставувам нема да прифатат никакво друго сценарио кое не е прогласување на независност и прогласување Република Каталонија, изјави Салелас.

Претседателот на Каталонија, Карлас Пуџдемон утре вечер планира да се обрати пред каталонскиот парламент на седницата за која некои велат дека е замислена како можност да се прогласи независност на овој регион од 7,5 милиони жители, иако некои тврдат дека седницата ќе биде само симболична.

Лидерот на опозициската Социјалистичка партија, Педро Санчез денеска го повика каталонскиот лидер Пуџдемон, по неговата изјава дека формално ќе прогласи независност на Каталонија за неколку дена, „сѐ да стопира".

- Ако нѐ гледаш, ако нѐ слушаш- запри сè и немој еднострано да прогласуваш независност, изјави Санчез пред новинарите во Барселона.

Тој рече дека неговата партија ќе ја поддржи акцијата на Шпанија, ако Каталонија утре едногласно прогласи независност.

Поврзани

Најнови вести

Коментари