logo
logo
logo

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во САД близу границата со Канада

Vecer | 30.01.2023

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во САД близу границата со Канада

Се работи за компаниски минибус што превезувал 15 вработени од компанија за соларна енергија и камион на рентање од компанијата „Пенске“. Двајца од лицата кои патувале во автобусот се сериозно повредени. 

Судирот се случил во услови на лизгав пат – од синоќа во блискиот град Лиусвил снежните врнежи достигналe покривка од15 сантиметри. Од фотографиите се гледа дека возилата се судриле директно, на автопат со снежни наноси од двете страни. Автопатот бил затворен за сообраќај 12 часа. 

Причината за сообраќајката сеуште не е утврдена, идентитетите на жртвите не се објавени, државната полиција на Њујорк соопшти дека случајот се истражува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk