Шефот на германското разузнавање разрешен поради изјава во врска со нередите во Кемниц

Шефот на германската служба за внатрешна безбедност, Ханс Георг Масен, е сменет од функцијата поради конфликтот со германската канцеларка, Ангела Меркел, во врска со анти-имигрантските насилства во гермаскиот град Кемниц.

Канцеларијата на Меркел денеска кратко соопшти дека Масен е заменет и ќе работи на нова позиција во Министерството за внатрешни работи, објави агенцијата АП.

Одлуката, која доаѓа по состанокот на лидерите на трите владејачки германски партии, Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија на Баварија и Социјалдемократската партија на Германија, претставува пораз за конзервативците во сојузот на Меркел, објави агенцијата.

Социјалдемократите и некои членови од Христијанско-демократската унија на Меркел, побараа Масен да биде разрешен од позицијата поради неговите ставови кои одеа во прилог на екстремната десница.

Масен, всушност, беше критикуван поради јавно изнесените сомнежи за автентичноста на едно видео кое покажува како ултрадесничари бркаат миграти по убиството на Германец во Кемниц.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари