logo
logo
logo

Шефица на лондонската полиција: Пандемијата и интернетот ги приближија децата кон терористите

Vecer | 05.08.2022

Шефица на лондонската полиција: Пандемијата и интернетот ги приближија децата кон терористите

Момче од градот Бутл во Ланкашир на тој начин ја усвоил екстремистичката идеологија играјќи ја онлајн играта Fortnite, пренесува Гардијан.

„Пандемијата значеше дека децата насекаде поминуваат повеќе време без надзор на интернет. Поради ова, децата и младите беа повеќе изложени на низа контроверзни содржини, вклучувајќи ја и десничарската идеологија. Социјалната и физичката изолација за време на пандемијата создадоа совршен контекст за екстремно десничарска радикализација, вели поранешната началничка на лондонската полиција Вики Вашингтон.

„Тоа не се случува спонтано, туку намерно. Екстремистичките групи се инфилтрираа на онлајн форумите каде што се дискутира за игрите и ги шират своите знаци низ целиот интернет, изложувајќи ги младите и помалите деца на расистички и неонацистички ставови. Меѓу другото, вака се шири идеологијата на „инселс“, млади мажи револтирани од принудниот целибат, кои сакаат да им се одмаздат на девојките кои им го негираат сексот, на кој што веруваат дека имаат право.“

Џулија Ебнер, виш соработник во Институтот за стратешки дијалог (ИСД), предупредува дека има случаи на многу млади луѓе кои се радикализирале до степен на планирање или дури и извршување напади. Станува збор за многу мал број на деца и млади луѓе, но експертите се загрижени бидејќи старосната граница на лицата уапсени за екстремно десничарски екстремизам радикално паѓа.

Во јануари, студент од Дарлингтон стана најмладиот човек во Британија што е осуден за терористички дела. Имал 13 години кога бил уапсен како дел од истрагата за десничарски тероризам и обвинет за поседување прирачник за правење експлозиви. Пред тоа, најмладото лице осудено за тероризам во Британија бил 16-годишник од Корнвол, исто така уапсен за терористички прирачници на 13-годишна возраст. Во еден случај постои сомнеж за поврзаност на 10-годишно дете со екстремизам.

Бројот на малолетници уапсени за тероризам се зголемил од 21 на 29 минатата година, што е најголем скок од почетокот на евиденцијата во 2001 година. Оние под 18 години сега сочинуваат 15 отсто од сите апсења поврзани со тероризам.

Наставниците често ги алармираат експертите, барајќи од нив да им помогнат на учениците, поради загриженоста дека тие се вовлечени во кругот на крајната десница. Британците имаат програма наречена Prevent, која им помага на младите да излезат од канџите на екстремистите. Родителите честопати не се свесни за опасноста, а многумина ја отфрлаат како „само на интернет, тоа не е реално“, пренесува Guardian.

Британската полиција соопшти дека е посветена на борбата против оние кои шират ставови кои промовираат насилство и омраза и ги радикализираат другите. Полицијата тука не е беспомошна: технолошките компании ќе мора брзо да го отстранат и ограничат ширењето на нелегална содржина, или ќе се соочат со тешки казни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk