logo
logo
logo

Шеф на оддел на ЕМА: Ако вакцинираме 50 милиони луѓе, ќе се вратиме во нормален живот до крајот на 2021 година

Vecer | 12.02.2021

Шеф на оддел на ЕМА: Ако вакцинираме 50 милиони луѓе, ќе се вратиме во нормален живот до крајот на 2021 година


„Ако успееме да вакцинираме најмалку 50 проценти од населението во Европа оваа година, мислам дека можеме да се вратиме во нормален живот до крајот на 2021 година, но тоа не значи дека вирусот ќе исчезне“, рече шефот на Одделот за здравствени процедури и стратегии за вакцинација на Европската медицинска агенција. (ЕМА) Марко Кавалери.

Тој посочи дека ќе мора да научиме да живееме со овој вирус, но дека ќе бидеме позаштитени од него.

Зборувајќи за Н1 за најголемите проблеми во Европската Унија за спроведување на масовна имунизација, тој ја наведе бавноста во вакцинацијата поради ограничувањата во бројот на дози што се достапни.

Според него, вакцинацијата во Европа започнала нешто побавно отколку во Велика Британија, САД и Кина.

Тој оцени дека целта на ЕУ е да ги достигне останатите во процесот на вакцинација, за  да се овозможи што побрзо враќање во нормалниот живот.

Коментирајќи ја можноста за употреба на вакцини од кинески и руски производители во ЕУ, тој изјави дека во тек се преговори со нив, како и дека главното прашање е дали тие вакцини ќе ги исполнуваат условите на европската заедница.

„Ако се случи тоа би било добро за сите нас, бидејќи би имале нови вакцини за граѓаните на ЕУ, што значително би помогнало во борбата против пандемијата“, рече Кавалери.

Тој потсети дека сите вакцини претставуваат добра заштита од тешки остојби на корона и можни хоспитализации.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk