„Шарли Ебдо“ објавија карикатура за земјотресот, Турците згрозени: Модерни варвари

Карикатурата предизвика гнев кај турската јавност, која карикатурата ја протолкува како исмејување на нивната земја, но и на трагедијата во која според последните податоци загинаа повеќе од 7.400 луѓе, пишува турскиот државен ТВ канал на англиски ТРТ..
Карикатурата која е објавена под наслов „Карикатура на денот“ прикажува срушени и оштетени згради, превртени автомобили и урнатини. „Земјотрес во Турција“, пишува во горниот десен агол на карикатурата. „(Не) ни требаше да испратиме тенкови“, пишува на дното. Мотивот на авторот веројатно бил да укаже на односот на турските власти кон Курдите. Интернет корисниците многу брзо почнаа да го искажуваат својот гнев и фрустрација поради споменатиот цртеж, а незадоволството не го криеја ниту јавните личности.
„Современи варвари! Удавете се во својот гнев и омраза“, напиша на Твитер портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин. Абдурахим Бојнукалин, турски политичар и претставник на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), рече дека списанието „не почитува никакви ограничувања во потрагата по контроверзии“.
✏️Le dessin du jour, par #Juin pic.twitter.com/kPcEqZDocO
— Charlie Hebdo (@Charlie_Hebdo_) February 6, 2023
Шарли Ебдо претходно објави карикатури на пророкот Мухамед, мртви деца мигранти, жртви на вирусот, папата, еврејските водачи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во јануари, иранските власти го затворија Францускиот институт во Техеран откако француското сатирично списание Шарли Ебдо објави карикатури на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи.