logo
logo
logo

Шајнбаум: Трамп вети дека САД ќе го спречат протокот на оружје во Мексико

Vecer | 04.02.2025

Шајнбаум: Трамп вети дека САД ќе го спречат протокот на оружје во Мексико

Мексиканската претседателка рече дека како дел од нејзиниот договор со Трамп, примената на високи царини за стоки од Мексико ќе биде одложена за еден месец и дека САД ќе го запрат протокот на оружје во Мексико.

Како дел од привремениот договор, Мексико ќе распореди 10.000 војници на Националната гарда на својата северна граница за да спречи трговија со дрога, додека САД ќе се обидат да го запрат шверцот на оружје во Мексико.

-САД се посветени да работат на спречување на трговијата со висококвалитетно оружје во Мексико, рече Шајнбаум, пренесе Вашингтон тајмс.

Додека САД се жалат на зголемување на количеството дрога што се шверцува од Мексико во САД, Мексико предупредува дека „челични реки“ оружје течат од САД во Мексико, вооружувајќи ги сите, од улични банди до шверцерски картели кои се судираат со мексиканската војска.

Аналитичарите проценуваат дека секоја година во САД се купуваат меѓу 200.000 и 500.000 парчиња оружје за шверцување во Мексико./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk