logo
logo
logo

Севернокорејските хакери лани украле 400 милиони долари во криптовалути

Vecer | 14.01.2022

Севернокорејските хакери лани украле 400 милиони долари во криптовалути

„Од 2020 до 2021 година, бројот на хакерски напади поврзани со Северна Кореја се зголеми од четири на седум, а вредноста на повлечените средства скокна за 40 отсто“, се вели во извештајот на експертите на Chainalysis.

„Кога Северна Кореја ја презеде контролата врз средствата, започна внимателен процес на перење пари за да ги прикрие и да ги заработи“, се додава во извештајот.

Експертите на Обединетите нации кои ги следат санкциите кон Северна Кореја го обвинуваат Пјонгјанг за кражба на средства што се користат за финансирање нуклеарни и балистички програми.

Северна Кореја претходно негирала дека има хакирање.

Минатата година, Соединетите Држави обвинија тројца севернокорејски програмери, кои работат за државната разузнавачка служба, дека со години краделе 1,3 милијарди долари пари и криптовалути, оштетувајќи компании како банки, па дури и холивудско филмско студио. Chainalysis не ги именува целите на хакерските напади.

Повеќето од минатогодишните напади веројатно ги извршила групата Лазарус санкционирана од САД, која е под контрола на главната севернокорејска разузнавачка служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk