logo
logo
logo

Северна Кореја би можела да изврши нуклеарна проба помеѓу 16 октомври и 7 ноември

Vecer | 28.09.2022

Северна Кореја би можела да изврши нуклеарна проба помеѓу 16 октомври и 7 ноември

Подготовките за нуклеарно тестирање се завршени во севернокорејскиот пробен тунел Пунгје-ри, каде беа извршени шест подземни нуклеарни проби од 2006 до 2017 година, објави јужнокорејската новинска агенција.

Времето на тестирањето најверојатно ќе биде одредено од настаните во Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, и САД, нивниот најголем ривал, според Јонхап.

„Ако Северна Кореја изврши нуклеарна проба, тоа би можело да биде помеѓу 20-тиот Конгрес на кинеската Комунистичка партија на 16 октомври и изборите во САД на 7 ноември“, изјави претставникот Јо Санг-бум за новинската агенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk