logo
logo
logo

Семејството Назарбаев се повлекува од фунциите во енергетскиот сектор на Казахстан

Vecer | 15.01.2022

Семејството Назарбаев се повлекува од фунциите во енергетскиот сектор на Казахстан

Двајца членови на поширокото семејство или кланот на поранешниот тридецениски авторитарен казахстански претседател Нурсултан Назарбаев поденсоаоставки на водечките позиции во бродарските државни компании кои се занимаваат со испораки на нафта и на гас, соопшти во саботата државниот фонд.

Назарбаев, кој беше претседател на Казахстан практично од пред падот на комунизмот и распадот на Советскиот сојуз во 1990-те години до 2019 година кога се повлече од должноста, успеа да задржи големи овластувања и за себе и за многумина од неговото бројно семејство сѐ до минатата седмица, кога по избувнувањето на протестите кои прераснаа во смртоносен бунт, неговиот наследник Касим-Жомарт Токаев го смени од функцијата претседател на влијателниот Совет за безбедност.

Токаев притоа вети „најостар“ одговор за поттокнувачите на насилните безредија во кои беа убиени најмалку 18 припадници на безбедносните сили кои започнаа како протест против растот на цената на горивата, но прерасна во заземање згради на државните институции. Казахстанскиот претседател тогаш изјави дека насилството е оркестрирано од странство и дека станува збор за обид за преврат во земјата богата со енергенси, руди и минерали. Во телевизиско обраќање Токаев ја извести јавноста дека ја презема должноста на претседател на Советот за безбедност, благодарејќи на кои големо влијание во земјата имаше Назарбаев.

Поранешнито 81-годишeн претседател на Казахстан не се појави во јавноста од избувнувањето на бунтот на 4-ти јануари, а критичките коментари од Токаев за Назарбаев навестуваат дека двајцата челници не се согласувале пред сегашниот претседател дефинитивно да го острани од позициите својот поранешен политички покровитеч.

Во саботата државниот фонд „Самрук-Казина“ во соопштение објави дека Каират Шарипбаев и Димаш Досанов поднеле оставки на местата извршни директори на двете државни компании „KazTransOil“, оператор на нафтоводи и оператното на гасоводот „QazaqGaz“.

Шапирбаев е оженет со најстарата ќерка на поранешниот претседател Дарига Назарбаева, објави на социјалните мрежи нејзинито син. Ниту Шапирбаев ниту Назарбаева не ја коментираа информацијата. Досанов, пак, е сопруг на Алија Назарбаева, најмладата ќерка на Нурсултан Назарбаев.

Од „Самрук-Казина“ не е објавено поради што двајцата извршни директори на компанијата поднеле оставки.

Претседателот Токаев претходно седмицава изјави дека би сакал роднините и соработниците на Назарбаев да го споделат богатството коешто го поседуваат со заедницата, давајќи редовни донации во новата добротворна фондација.

Во саботата, исто така, властите на Казахстан соопштија дека го привеле и уапсиле заменикот министер за енергетија, заедно со уште неколку високи владини и безбедносни функционери за коишто веруваат дека се одговорни за неоправданото зголемување на цените на пропанот и бутанот во западната провинција Мангистау како и за намерно оставање оружје на бунтовнички групи. Притоа најавена е и целосна реогранизација на безбедносниот систем во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk