logo
logo
logo

Семејството на починатиот Флојд бара усвојување на закон за полициска реформа

Vecer | 26.05.2021

Семејството на починатиот Флојд бара усвојување на закон за полициска реформа


Семејството на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата пред една година, денес се состана со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа и повика на усвојување на закон за полициска реформа , што ќе го носи неговото име.

Тие се состанаа на првата годишнина од убиството на Флојд, а на состанокот не присуствуваше сестрата на Џорџ Флојд, која ја бојкотираше средбата, велејќи дека Бајден го прекршил ветувањето дека законот ќе биде донесен до годишнината од смртта на нејзиниот брат.

„Одев во Вашингтон кај Бајден за да го потпише предлог-законот, но тој не го потпиша”, рече таа.

По состанокот со семејството, претседателот издаде соопштение во кое ветува дека ќе продолжи да го поддржува законодавството.

„Битката за душата на Америка е постојано влечи-потегни прашање, помеѓу американскиот идеал дека сите сме создадени еднакви и суровата реалност дека расизмот нè разделува предолго“, рече претседателот, додавајќи дека е време да се усвои законот бидејќи помина една година откако е убиен Џорџ Флојд.

Флојд, 46-годишен црнец, кој почина со лисици додека полицаец му го притискаше вратот со коленото, стана лице на бурно национално соочување со историјата на расна неправда и полициска бруталност.

Неговите умирачки зборови „Не можам да дишам“ станаа слоганот на масовните демонстрации што ги потресоа САД и целиот свет.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk