logo
logo
logo

„Сејфгард дифендерс“: Кина има над 100 тајни полициски станици ширум светот

Vecer | 04.12.2022

„Сејфгард дифендерс“: Кина има над 100 тајни полициски станици ширум светот

Според организацијата, Кина користејќи ги билатерални безбедносни договори со земјите во Африка и Европа, формираше повеќе од 100 полициски станици низ светот, кои можат да ги следат, заплашуваат и во некои случаи да ги враќаат кинеските граѓани кои живеат во егзил.

„Сејфгард дифендерс“ соопшти дека пронашла докази дека во странство постојат уште 48 полициски станици, со кои управува Кина. Организацијата во септември соопшти дека открила 54 такви станици ширум светот.

Полициските станици се организирани со наводна улога да им помагаат на кинеските иселеници во странство.

Пекинг негира дека постојат непријавени полициски сили надвор од нејзината територија, а кинеското Министерство за надворешни работи во ноември соопшти дека се надева дека ќе престане преувеличувањето на работите за да предизвикуваат тензии.

Кина тврди дека институциите биле формирани како административни центри за да им помогнат на кинеските иселеници да ги обноват своите возачки дозволи и за слични потреби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk