Се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од глад, предупредуваат ОН

Бројот на луѓе кои страдаат од глад се зголеми во текот на изминатите три години, откако претходно беше во пад, се вели во извештајот на ОН.

Според анализите, во 2017 година, 821 милиони луѓе биле неухранети – што во просек е едно на секои девет лица.

Речиси 151 милиони деца на возраст под пет години, или 22% на глобално ниво, имаат развој пореметен поради лошата исхрана.

Авторите на исражувањето велат дека екстремните климатски промени се делумно виновни за порастот на луѓе кои страдаат поради глад и повикуваат на итна глобална акција.

Во извештајот исто така се вели дека тешкотиите за пристап до храна со нутриционистички вредности влијаат и врз растечкиот глобален проблем со дебелината, при што едно од осум возрасни лица (повеќе од 672 милиони) се класифицирани како дебели.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари