logo
logo
logo

Се судриле два воза кај Барселона, најмалку 155 повредени

Vecer | 07.12.2022

Се судриле два воза кај Барселона, најмалку 155 повредени

Најмалку 155 лица се повредени во несреќата, потврдија од итните служби.

Локалните медиуми јавија дека возовите се движеле во иста насока и се судриле додека еден бил запрен на станицата. Засега не е јасно како точно се случила несреќата.

Судирот на возот се случил на станицата Монткада и Реиксак - Манреса, на околу 12 километри од центарот на градот.

Од итната помош изјавија дека полесно се повредени 150 лица, а пет лица се тешко повредени, но дека не станува збор за сериозни или повреди опасни по живот. Три лица се пренесени во болница.

Поради несреќата железничкиот сообраќај беше накратко во прекин на повеќе линии, соопштија од регионалната власт.

Опишувајќи го моментот на судирот, една патничка кажала за Сер Каталуња дека доживеала „страшен удар“ и дека „луѓето врескале“.

Друг патник за локалната радио станица „RAC1“изјавил: „Возот беше полн, а мојот вагон, кој беше последниот, беше целосно полн“.

Шпанската министерка за транспорт Ракел Санчез рече дека внимателно ја следи ситуацијата и им посака на повредените брзо закрепнување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk