logo
logo
logo

Се стравува за безбедноста на војниците од челичарницата Азовстал

Vecer | 18.05.2022

Се стравува за безбедноста на војниците од челичарницата Азовстал

Вчера повеќе од 250 украински војници беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол.тие се спротивставуваа на рускиот напредок многу недели во очајни околности.

Пет автобуси војници пристигнаа во градот Новоазовск, кој е под контрола на Русија, каде што Москва соопшти дека повредените ќе добијат медицинска помош.Седум автобуси војници пристигнаа во новоотворениот затвор во градот Оленивка, кој е под руска контрола.

Володимир Зеленски, украинскиот претседател, рече. „мисијата за евакуација продолжува. Ја надгледуваат нашите воени разузнавачи. Вклучени се највлијателните меѓународни посредници“.

Русија и Украина зборуваа за договор со кој војниците би можеле да ја напуштат фабриката за челик, но многу детали за овој договор не се јавни.

 Украина соопшти дека сака размена на затвореници.Рускиот заменик-амбасадор во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, на твитер објави дека нема договор.

Новинската агенција ТАСС објави дека рускиот комитет планира да ги испрашува украинските војници - многу од нив членови на баталјонот Азов - како дел од она што Москва го нарекува „злосторства на украинскиот режим“.

Леонид Слуцки, еден од руските преговарачи во разговорите со Украина, ги нарече евакуираните борци „животни во човечки облик“ и рече дека треба да бидат погубени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk