logo
logo
logo

Се појави исчезнатиот доктор на Навални, по три дена потрага тој сам се вратил од шумата во која исчезнал

Vecer | 10.05.2021

Се појави исчезнатиот доктор на Навални, по три дена потрага тој сам се вратил од шумата во која исчезнал

По три дена потрага по рускиот доктор кој прв го лекуваше отруениот опозиционер Алексеј Навални тој се појавил денеска излегувајќи сам од шумата во која исчезнал додека бил на лов, соопшти државната новинска агенција РИА, цитирајќи ги регионалните власти.

Голема потрага беше покрената во шумите во регионот Омск, 2.200 километри источно од Москва, откако Александер Мураховски напуштил ловна база со своето теренско возило во петокот. Тој сам излегол од шумата, при што стапил во контакт со жителите на селото Басли, објави РИА.

„Неговата состојба изгледаше нормално, но од претпазливост беше задржан во болница“, кажаа властите.

Мураховски раководеше со болницата во Омск во која Навални беше донесен откако му се слоши во авион минатиот август. Тој тогаш кажа дека Навални не е отруен, туку се разболел од нарушување на метаболизмот. Навални го обвини дека ја фалсификувал дијагнозата и наводно го одложувал неговиот трансфер во Гермaнија во критичните моменти. Во ноември, Мураховски беше унапреден во регионален министер за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk