Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон ќе отпатува идната недела во Москва за да го организира состанокот меѓу Путин и Трамп.

Информацијата ја потврди и Кремљ. „Колку што ние знаеме, таа посета ќе се случи“, рече портпаролот на Кремљ Дмитириј Песков.

Медиумите јавуваат дека средбата треба да се одржи следниот месец за време на посетата на Трамп во Европа. Двајцата лидери можно е да се сретнат пред самитот на НАТО во Брисел на 11-12 јули или по посетата на претседателот Трамп во Лондон, два дена подоцна.

Портпаролот на Путин, Димитри Песков, потврди дека Болтон ќе ја посети Русија следната недела на дискусии за евентуалниот самит. Локацијата се` уште не е утврдена, но средбата може да се оддржи во некоја од европски престолнини, по завршувањето на самитот на НАТО, или во Виена.

Путин на почетокот од јуни рече дека е подготвен да се состане со Трамп додавајќи дека многу земји, особено Австрија се подготвени да бидат домаќини на состанокот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари