logo
logo
logo

Се огласија од германската влада: ФАНТАЗИИ И ЗАГОВОРНИ ИДЕОЛОГИИ

Vecer | 07.12.2022

Се огласија од германската влада: ФАНТАЗИИ И ЗАГОВОРНИ ИДЕОЛОГИИ

По апсењето на 25 лица, членови на десничарското движење Граѓани на Рајхот осомничени за планирање државен удар во Германија, министерката за внатрешни работи Ненси Фесер објави дека станува збор за „бездна на терористичка закана“.

– Денеска е откриена наводна терористичка организација која, според истрагата, е водена од насилни субверзивни фантазии и заговорни идеологии – изјави денеска таа во Берлин по националните рации против таа група.

Сепак, владеењето на правото знае како да се „одбрани од непријателите на демократијата“, нагласи таа, пишува Шпигел.

Министерот за правда Марко Бушман изјави дека демократијата е одбранета, потврдувајќи дека постои сомнеж дека уапсените планирале вооружен напад врз државните власти.

„Демократијата е успешно одбранета: Од утрово се одржува голема антитерористичка операција. Федералниот јавен обвинител истражува осомничена терористичка мрежа од граѓанското милје на Рајх. Постои сомнеж дека бил планиран вооружен напад врз уставните органи.“ беше објавено на Твитер.

Министерката пак, рече дека понатамошната истрага ќе открие до каде напреднале плановите на десничарската група.

Таа им се заблагодари на властите што ја штитат германската демократија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk