logo
logo
logo

Се очекува чуден пресврт во случајот со актерот Кевин Спејси

Vecer | 14.05.2021

Се очекува чуден пресврт во случајот со актерот Кевин Спејси


Се очекува да биде отфрлена граѓанската постапка против холивудскиот актер Кевин Спејси, во која се наведува дека актерот сексуално нападнал тинејџер во 80-тите години на минатиот век, откако адвокатите соопштија дека жртвата одбила да излезе во јавност со своето име и презиме.

Федерален судија минатата недела донесе одлука дека човекот – идентификуван во судските документи како Ц.Д. кој тврдеше дека Спејси сексуално го нападнал кога имал 14 години, мора јавно да го открие неговиот идентитет.

Судијата Луис А. Каплан утврди дека јавноста има легитимен интерес да го открие идентитетот на жртвата, забележувајќи во овој случај „дека интересот е зголемен затоа што Ц.Д. ги изнесе своите обвинувања против јавната личност“.

Адвокатите на жртвата вчера доставиле писмо до судот во Њујорк, во кое го известиле судијата за одлуката и се согласиле да го отфрлат случајот поврзан со Ц.Д., пренесе Си-Ен-Ен.

„ Како што претходно го информиравме Судот, Ц.Д смета дека тој не е во состојба да ја издржи инвазијата во неговиот живот доколку неговиот идентитет биде откриен во овој случај“, напишаа адвокатите.

„ Всушност, дури и одлуката на Судот за ова прашање поттикна повеќе вести во сите форми на медиуми, како на национално така и на меѓународно ниво. Ненадејното несакано внимание што ќе го открие неговиот идентитет е едноставно премногу за него”, рекоа тие.

Актерот Ентони Рап, кој му се придружи на Ц.Д. во граѓанската постапка против Спејси, тврди дека актерот имал несакан сексуален контакт со него кога имал 14 години, според тужбата. Инцидентот наводно се случил во куќата на актерот во 1986 година.

Адвокатите исто така напишаа дека имаат намера да го отстранат Ц.Д. од постојниот случај со Рап, а предметот да се паузира додека се обработува жалбата.

Во 2017 година, Спејси се извини за она што го нарече „длабоко несоодветно пијано однесување“, откако Рап ги изнесе обвинувањата, но исто така рече: „Искрено не се сеќавам на состанокот“.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk