logo
logo
logo

Се објавија КОМПРОМИТИРАЧКИ СНИМКИ ЗА ХАНТЕР БАЈДЕН, и други детали

Vecer | 09.04.2021

Се објавија КОМПРОМИТИРАЧКИ СНИМКИ ЗА ХАНТЕР БАЈДЕН, и други детали

Још Бошвел од Дејли Мејл му се придружи на Тарсон Карлсон откако тој го објави текстот на "Што не беше напишано во книгата на Хантер Бајден".

На првата фотографија, Хантер, наводно, бил прикажан на грбот додека две голи жени биле над него, а на креветот имало и куче.

На втората објавена фотографија, наводно се гледа Хантер Бајден како е насмеан додека влече жена за косата. Бошвел го опиша тоа како "доста вознемирувачки работи".

Хантер Бајден - кој неодамна објави мемоари, пишува помеѓу останатото отворено и за својата борба со зависност од дрога и алкохол. Истите снимки беа објавени во емисијата на Хентија со Кендинс Овен, објави mediaite.com.

Хантер Бајден, 51-годишен правник, напиша 255 страници на своите мемоари кои предизвикаа голем интерес во јавноста. Во кинигата, освен за својата зависност од дрога и алкохол, го опишува и патот низ кој поминал по смртта на мајката и на Брат Боа.

Во автобиографијата Бајден пишува за тоа како алкохолот првпат го пробал како 8-годишен, се напил шампањ кога  неговиот татко ја прославувал повторната победа на изборите во Сенатот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=9YbH9OB_ALQ&t=1s[/embed]

За првпат се опил како 14-годишен, и за време на студирањето во Џорџтаун и Јејл вели дека скоро и да не се трезнел.

Хантер решил да се лекува од зависност од алкохол кога веќе бил татко на три деца но, паднал во искушение додека патувал со авион, кога стјуардесата му понудила коктел и до крајот на летот испил уште три.

Не го крие тоа дека секогаш бил склон кон алкохол, но вели дека дефинитивно го дотепала смртта на постариот брат Боа, државен обвинител кој починал како 46-годишен од глиобластом, малиген тумор на мозокот.

Потоа дефинитивно се скршил по распадот на бракот поради интимни врски со вдовицата на покојниот брат. Таа беше единствената, како што вели Хантер, која можела да ја разбере неговата тага и болка.

Според пишувањето на NY Post (Њујорк Пост), мемоарите на Хаттер Бајден откриваат дека текстуалните пораки на неговиот iPad ја навеле неговата сопруга да се посомнева во врската на нејзиниот сопруг Хантер Бајден со вдовицата на неговиот починат Брат.

Кетлин Бајден - со кој тој има три деца потоа решила да се разведат од него

"Книгата признава дека ова била капка што го ја прелеала чашата", изјавил издавачот на неговите мемоари. "Со години сопругата била со него и  се обидувала да му помогне да ја победи зависноста на кокаин и алкохол, но крајот настапил кога дознала дека има интимна врска со сопруга на својот брат. Таа за ова изјави дека тој е болен".

Во март 2017 година, медиумите објавија дека Хантер и Кејтлин се разведени.

Покрај тоа, тој, исто така, признава дека употребувал и кокаин, па и неговиот многу поевтин дериват крек кој го купувал на улица. Неговиот дилер била некоја бездомнчка, чие име во книгата не сакаше да го објави. Но, се надева дека по објавувањето на книгата таа ќе се пријави - ако е сеуште е жива - да и помогне, што го смета и за своја мисија.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk