logo
logo
logo

Се маскирале во БАБИ за да примат вакцина преку ред!

Vecer | 22.02.2021

Се маскирале во БАБИ за да примат вакцина преку ред!

Две Американки од Флорида се маскирале во баби сакајќи на тој начин да ја добијат втората доза од вакцината против Ковид-19, пренесуваат американските медиуми.

Како што соопштила Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ во Флорида, жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и очила за да ги прикријат своите години.

Видео кое се прошири на социјалните мрежи и медиумите покажува како полицаец им зборува на жените за неморално однесување.

Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, д-р Раул Пино на прес-конференција рекол дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но, не биле во можност да ја добијат втората доза, бидејќи здравствените работници на местото на вакцинација се посомневале во исправноста на нивните лични документи.

Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја земат првата доза на вакцината и дали и тогаш се маскирале.

Полицијата во округот Оринџ за Си-ен-ен потврди дека здравствените власти ги повикале да издадат предупредување за жените чии датуми на раѓање од личните документи не се совпаѓаат со оние што ги користеле за да се регистрираат за вакцинација. Имињата, сепак, биле исти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk