Во познатиот ски-центар Карталкаја во Турција утрово избувна пожар на четвртиот кат од хотелот во кој престојуваа повеќе од 200 луѓе.
Моменталниот биланс на загинати во овој страшен настан е 66, а се сомнева дека ќе има повеќе. Бројот на повредени е 51. Она што е уште потрагично е што одреден број жртви загинале бидејќи скокнале низ прозорецот за да се спасат од пожарот.
Министерот за правда Јилмаз Тунк на социјалната мрежа објави дека државното обвинителство во Бол покренало обемна и темелна кривична истрага за пожарот во хотелот.
Тој додаде дека секој чекор од истрагата се спроведува внимателно.
Гости во паника скокнаа од прозорците на хотелските згради во ски-центарот Карталкаја во средата навечер, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу, а на социјалните мрежи се појавија драматични видео снимки од бели хотелски чаршафи кои висат од прозорците и луѓе кои паѓаат.
Најмалку две лица го загубија животот кога скокнале од повисоките катови во обид да се спасат од пожарот.
На социјалните мрежи беа објавени страшни видеа и фотографии од хотелот во пламен, кој го зафати целиот комплекс.
За потсетување, пожарот избувна на четвртиот кат од хотелот во ски-центарот Карталкаја во Бол во вторникот рано наутро, а пожарникарите деноноќно работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Бол, Абдулазиз Ајдин.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата