logo
logo
logo

САД: Сите опции се во игра поради зголемената руска војска во близина на Украина

Vecer | 27.11.2021

САД: Сите опции се во игра поради зголемената руска војска во близина на Украина

Сите опции се во игра за тоа како да се одговори на „големото и невообичаено" трупање на руска војска околу границата со Украина, а НАТО алијансата ќе одлучи кој ќе биде следниот чекор по консултациите следната недела, изјави синоќа висок американски дипломат за европски прашања.

-Како што можете да разберете, сите опции се на маса, изјави за време на телефонски брифинг Карен Донфрид, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

-Сега останува на алијансата да одлучи кои се следните потези што НАТО сака да ги преземе, дададе таа.

На брифингот, таа ја најави посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Летонија и Шведска следната недела.

Официјални лица на САД, НАТО и Украина во последно време алармираат на, „невообичаените" движења на трупи на Русија во близина на Украина, сугерирајќи дека Москва можеби е подготвена да изврши напад врз својот сосед, обвинувања што Кремљ ги отфрли.

Запрашана дали Блинкен ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додека е во Стокхолм, Донфрид рече дека нема никакви најави за тоа, но дека ќе следи известување во случај на договорена средба. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk