logo
logo
logo

САД не ја повлекуваат својата војска од Германија, ќе испратат уште војници

Vecer | 13.04.2021

САД не ја повлекуваат својата војска од Германија, ќе испратат уште војници


САД ќе распоредат дополнителни 500 американски војници во Германија, рече министерот за одбрана Лојд Остин, што претставува пресврт во однос на планот на поранешната администрација за повлекување на силите.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој имаше затегнати односи со своите сојузници во НАТО, најави дека ќе повлече 12.000 припадници на американската војска од Германија, каде што се сместени најголемиот број американски сили во Европа – вкупно 35.000.

Новиот американски претседател Џо Бајден ги запре ваквите намери.

„Ние ги запревме плановите за повлекување“, потврди Остин на прес-конференција во Берлин која ја одржа заедно со германската колешка Анегрет Крамп-Каренбауер.

„Мислам дека одлуката за испраќање дополнителни 500 припадници на американската војска зборува за нивото на нашето партнерство и нашата посветеност кон НАТО“, додаде Остин.

„Дополнителните сили ќе ги зајакнат одвраќањето и одбраната во Европа“, рече американскиот министер за одбрана.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk