„Откако влегол низ отворената врата, мажот грабнал најмалку два пиштоли од масата и ги вперил кон полицајците. Осомничениот бил застрелан од полицијата и хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот“, изјави началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун.

Мажот најпрво се приближил до зградата и го прашал обезбедувањето каде може да го земе неговиот личен имот. Наместо да се упати кон јавниот влез, тој ја обиколил зградата и стигнал до надворешноте противпожарни скали и се искачи на петтиот кат, пишува „CNN“.

„ Тренингот на „SWAT“ се одвива на петтиот кат, а надворешната врата во просторијата за обука ја оставаме отворена бидејќи на тој кат нема прозорци или вентилација“, објасни Браун.

Службениците во просторијата за обука ги известиле вооружените полицајци во зградата за инцидентот, кои веднаш реагирале и пукале кон осомничениот, рече Браун.

Канцеларијата за полициска одговорност (COPA) спроведува истрага за пукањето.