logo
logo
logo

САД: Ќе поминат многу месеци пред да бидат испорачани тенковите „Абрамс“ во Украина

Vecer | 27.01.2023

САД: Ќе поминат многу месеци пред да бидат испорачани тенковите „Абрамс“ во Украина

И покрај тоа, Кирби најави дека администрацијата на Бајден „нема да губи време“ и веднаш ќе се заложи за спроведување на обука и поддршка на синџирите за снабдување за да се осигура дека украинските сили се подготвени да ги користат тенковите кога конечно ќе пристигнат.

Кирби одби да биде конкретен на прашањето дали Абрамсите ќе бидат испорачани до крајот на годината. „Не сакам да бидам премногу конкретен, бидејќи се уште работиме на плановите, но ќе поминат многу месеци“, рече тој. Сепак, тој најави дека тенковите Леопард ќе бидат испорачани „за краток временски период“.

Тој не сакал да ги потврди ниту шпекулациите дека американскиот претседател Џо Бајден патува во Европа по повод годишнината од руската инвазија, но нагласи дека Бајден „е во близок контакт со претседателот Зеленски и тие често разговараат“. „Претседателот е подготвен да отпатува во Украина во секое погодно време, но сега не е тој момент“, рече тој, пренесе Си-Ен-Ен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk