САД донесе одлука

Избркани 15 кубански дипломати од амбасадата во Вашингтон

Секретарот на САД, Рекс Тилерсон, рече дека одлуката е донесена бидејќи Куба не сакала да ги заштити американските дипломати од „мистериозните акустични напади" кои се случија во Куба, иако не сакаше да ја обвини директно тамошната власт.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп протера 15 кубански дипломати од Вашингтон поради тоа што „Куба не ги заштитила американските дипломати од 'акустичните напади' во Хавана".

Американските власти наведоа дека кубанските дипломати мораат да ја напуштат земјата во рок од седум дена. Но, иако ги протеруваат од државата, сепак не ги прогласија за „непожелни личност" бидејќи тоа би им оневозможило да се вратат во САД.

Секретарот на САД, Рекс Тилерсон, рече дека одлуката е донесена бидејќи Куба не сакала да ги заштити американските дипломати од „мистериозните акустични напади" кои се случија во Куба, иако не сакаше да ја обвини директно тамошната власт.

„Одлуката ја донесовме бидејќи Куба не презема правилни мерки за да ги заштити нашите дипломати во склоп со обврските од Виенската конвенција", изјави Тилерсон.

САД ќе повлече 60% од американските дипломати од амбасадата во Хавана како резултат на необјаснивите напади во кои се повредени 22 американски владини работници и членови на нивните семејства.

„Додека Куба не успее да ни гарантира безбедност, нашата амбасада ќе биде намалена само на итниот персонал, како би го смалиле бројот на дипломати кои се изложени на ризик. Ние и понатаму ќе одржуваме дипломатски односи со Куба и ќе соработуваме за да го решиме проблемот", додаде Рекс Тилерсон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари