logo
logo
logo

САД им воведоа санкции на 16 поединци и 24 групи, меѓу кои и 13 Срби од Косово

Vecer | 08.12.2021

САД им воведоа санкции на 16 поединци и 24 групи, меѓу кои и 13 Срби од  Косово

Според американското Министерство за финансии, целта на денешната акција, со која се одбележува неделата на Самитот за демократија на претседателот Џо Бајден, е борбата против корупцијата поврзана со транснационалниот криминал, во чии рамки се идентификувани 16 лица и 24 групи, пренесува Ројтерс.

Според американското министерство, на „црната листа“ се најдоа и Србинот Звонко Веселиновиќ и неговиот брат, двајцата бизнисмени и политичари. Според соопштението, Министерството за финансии ги обвинило дека имаат договори со политичари „за да им помогнат на нивните партии да победат на изборите и да им дадат пари на нивните кандидати“.

Претседателката на Косово Вјоса Османи денеска го поздрави воведувањето санкции против Звонко Веселиновиќ.

Американското Министерство за финансии тврди дека Звонко Веселиновиќ е водач на организирана криминална група која учествува во голема корупциска шема со претставници на Приштина и српските безбедносни служби кои овозможуваат шверц меѓу Косово и внатрешноста на Србија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk