logo
logo
logo

САД и НАТО ја напуштија клучната база во Авганистан

Vecer | 02.07.2021

САД и НАТО ја напуштија клучната база во Авганистан


Последните американски и НАТО сили ја напуштија воздухопловната, главна воена база Баграм во Авганистан, која беше епицентар на војната против талибанците и Ал-Каеда во изминатите дваесет години.

„Сите американски војници и припадници на силите на НАТО ја напуштија воздухопловната база Баграм“, изјави висок американски службеник за безбедност, кој побара да остане анонимен, пренесува АП.

Според договорот со талибанците, сите американски сили ќе се повлечат од Авганистан по војната што траеше две децении.

Според Би-Би-Си, тоа може да сигнализира дека целосното повлекување на странските сили од Авганистан е неизбежно.

Повлекувањето од базата, северно од Кабул, се случува во време кога талибанците продолжуваат да напредуваат во многу делови на Авганистан.

Претседателот на САД, Џо Бајден, претходно објави дека американските сили ќе се повлечат до 11 септември, по повод годишнината од нападот на Ал Каеда во САД во 2001 година, во кој загинаа речиси 3.000 луѓе, што предизвика американска инвазија на Авганистан.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk