logo
logo
logo

САД и ЕУ го критикуваат планот на Иран за збогатување ураниум до 60 отсто

Vecer | 15.04.2021

САД и ЕУ го критикуваат планот на Иран за збогатување ураниум до 60 отсто


САД и европските земји кои се потписнички на иранскиот нуклеарен договор вчера се спротивставија на одлуката на Техеран да збогати ураниум со чистота од 60 отсто, при што врвен американски дипломат го оцени овој потег  како провокативен посочи дека ја доведува во прашање сериозноста на Иран во врска со разговорите, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Иран најави дека ќе збогати ураниум до 60 отсто – голем чекор поблизу до 90 отсто, што е материјал за оружје – како одговор на, како што рече, актот на саботажа од Израел против клучниот нуклеарен објект на Иран минатата недела.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, рече дека намерата на Техеран покренува прашања во врска со неговата сериозност во текот на разговорите во Виена меѓу Иран и светските сили за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Нуклеарниот договор се распаѓа откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од него во 2018 година и ги врати економските санкции кон Исламската Република. Минатата недела, Иран и неговите потписнички одржаа конструктивни разговори за враќање на договорот.

Велика Британија, Франција и Германија, исто така, рекоа дека новата одлука на Техеран е во спротивност со разговорите. Тие рекоа дека ги отфрлаат сите ескалациони мерки од кој било актер-очигледен сигнал до Израел.

„Опасната неодамнешна комуникација на Иран е во спротивност со конструктивниот дух и добрата волја на овие дискусии“, се вели во соопштението на европските земји за разговорите, кои продолжуваат меѓу Иран и глобалните сили во Виена, со цел спасување на договорот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk